Свет 18. јуни 2020. / 13:14

По пауза од три месеци Ајфеловата кула ќе биде отворена за јавноста на 25 јуни

По пауза од три месеци Ајфеловата кула ќе биде отворена за јавноста на 25 јуни

Ајфеловата кула во Париз треба повторно да биде отворена за јавноста на 25 јуни. Сепак, лифтовите и понатаму ќе бидат исклучени поради претпазливост за можноста од ширење на корона вирусот.

Во текот на првата недела, посетителите нема да може да одат погоре од вториот кат.

Менаџерите на ова познато француски обележје се надеваат дека во текот на летото сѐ ќе се нормализира работата, а до тогаш ќе бидат преземени сите потребни превентивни мерки.

Сите посетители на возраст над 11 години ќе треба да носат заштитни маски, а ќе треба да се почитува и физичкото растојание.

Кулата беше три месеци затворена поради епидемијата, што е најдолг период по Втората светска војна.