Свет 04. април 2020. / 22:00

По пандемијата Светска банка ќе им помогне на најсиромашните земји во светот

По пандемијата Светска банка ќе им помогне на најсиромашните земји во светот

Претседателот на Светска банка, Дејвид Мелпес очекува дека пандемијата на корона вирус ќе предизвика голема, глобална рецесија, која најтешко ќе ги погоди најсиромашните и најчувствителните земји.

Планираме да реагираме силно со програмите за поддршка, посебно кон малите земји – објави Мелпес преку социјалната бизнис мрежа Линкдин.

Мелпес најави дека наскоро ќе разговара со лидерите на поголем број африкански држави.