Во Франција има 840 мостови , кои не се безбедни и за нив има ризик од уривање , се наведува во извештајот.
о извештајот што го нарача француската влада по трагичниот инцидент во Џенова и уривањето на вијадуктот, било утврдено дека дури 840 мостови не се безбедни.
Мостовите имаат сериозни оштетувања и постои ризик од нивно уривање , се наведува во извештајот. По овој извештај , властите во Франција веќе ветија нови инвестиции во инфраструктурата , чија реализација се забрза по трагедијата во Џенова , откако Владата на Макрон се најде на удар на јавноста.
Во несреќата во Италија до сега се идентификувани и шестмина Французи.