Свет 10. август 2018. / 15:30

По нападот во Канада уапсено едно лице

По нападот во Канада уапсено едно лице

СВЕТ(Видео) По нападот во Канада уапсено едно лицеОбјавено пред 2 минути – 10 август, 2018Од Mak Fax

Едно лице, за кое се смета дека го започнало вооружениот напад во Канада е приведено, соопшти канадската полиција.

Полицијата претходно упати апел до граѓаните да останат во своите домови.

Пукањето се случило околу 8 часот по локално време.

На социјалните мрежи се појавија низа фотографии и видеа од местото на нападот, по што реагираа од канадската полиција. Оттаму преку социјалните мрежи до граѓаните упатија и апел да не се објавува на кои локации се забележани полициските службеници.

Во вооружениот напад беа убиени најмалку четири лица. За време на нападот веднаш покрај полицијата, интервенирале и од противпожарната служба, како и Брзата помош.