Естонскиот премиер си поднесе оставка поради истрага за корупција во неговата партија, отварајќи можност за обновена коалициска влада да ја преземе власта во државата, пренесува Блумберг.
Јури Ратас, ја објави својата оставка на Фејсбук околу 3 наутро по локално време, неколку часови откако обвинителите рекоа дека неговата Центристичка партија е осомничена во истрага за корупција. Случајот се однесува на проект за недвижнина кој во Јули доби 39 милиони евра државна позајмица.
Пет поединци се осомничени во случајот, меѓу кои и генералниот секретар на партијата, како и бизнисмен кој е поврзан со финансирање на проектот, кој наводно нудел политички донации во размена за државни одлуки во негова корист.