Свет 23. септември 2020. / 12:02

По инагурацијата на Лукашенко опозицијата повика на граѓанска непослушност

По инагурацијата на Лукашенко опозицијата повика на граѓанска непослушност

Белоруската опозиција денеска повика на граѓанска непослушност откако Александар Лукашенко беше инагуриран за претседател и покрај секојдневните протести.

Инагурацијата на Лукашенко се одржа денеска без претходна најава.

Членот на Координативниот совет на опозицијата Павел Латушко на социјалните мрежи напиша ека тој и неговите сојузници никогаш нема да ја прифатат фалсификуваната изборна победа на Лукашенко и побараа нови претседателски избори.

– Ги повикуваме сите веднаш да започнат кампања за граѓанска непослушност, истакна Латушко.