Повеќе од 200 мигранти – работници во Италија денеска протестираа поради смртта на 16 колеги, кои животот го загубија во две одделни сообраќајни несреќи што се случија минатата недела во јужна Италија.
Мигрантите од својот дом, познат како „Големото гето”, маршираа по улиците револтирани поради смртта на нивните пријатели.
Додека одеа по улиците, а како што зебелжуваат медиумите, под силно сонце и на високи температури, тие извикувале „не ропство”.