Судот во Париз им изрече казни од 30 и 25 години затвор на Инес Мадани и Орнела Гилигман, две од петте учеснички во неуспешниот напад врз катедралата Нотр Дам, извршен во Париз на 4 септември 2016 година.
И трите други обвинети, Сара Хервует, Амел Сакау и Самја Шалел, добија високи казни. Хервует и Сакау се осудени на 20 години затвор, додека Шалел доби пет години затвор, условно за една година.
На овие радикализирани млади жени им се судеше од 23 септември во Париз, поради, како што с енаведува во обвинението, обид во 2016 година да предизвикаат експлозија со автомобил наполнет со бомбони за гас во близина на познатата катедрала.
Овие пет радикализирани жени ги следеле упатствата на Рахид Касим, пропагандист на Исламската држава и инспиратор на убиството од пред неколку недели на полицаецот и неговата сопруга во Магнанвил (Ивелин).
Тие биле „вооружената рака“ на Даеш (ИД) во Франција, нагласи еден од претставниците на обвинителството за време на судењето, потсетувајќи дека обвинетите поставиле видеа со кои го најавуваат идниот напад.