Јужна Кореја ќе испрати воен брод со 300 морнари во Ормускиот Теснец, што е влез во Персискиот Залив на границата на Иран.
Таквата одлука е донесена на барање на САД, а доаѓа во време на зголемени тензии помеѓу Вашингтон и Техеран.
САД го обвинуваат Иран за низа напади врз бродови во Ормускиот Теснец, што е важна стратешка точка за светската трговија со нафта.
Во ова подрачје и САД имаат стационирано своја поморска мисија.
Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека бродот нема да биде дел од воено поморската мисија на САД и покрај тоа што два офицера за врска ќе бидат испратени во штабот на САД за размена на информации.
Јужна Кореја има дипломатски односи со Техеран уште од 60-тите години на минатиот век. Иран е еден од клучните снабдувачи на нафта на Сеул.