Свет 18. февруари 2020. / 09:43

По 74 години служба француски стогодишник прекинува со работа во општината

По 74 години служба француски стогодишник прекинува со работа во општината

Највозрасниот човек во Франција на изборна функција, 100-годишниот општински советник од селото Гран Шезо одлучи да не се јавува на локалните избори во март.

Стогодишникот Луи Дони „ќе се повлече по 74 години и 11 месеци служба во општината“ изјави за француски медиуми неговиот син Жан Шарл кој исто така е во локалната управа на Гран Шезо.

Тоа е село со 246 жители во централниот департмент От Виен.

Дони за првпат бил избран во април 1945 година. Добил 13 последователни мандати во општинскиот совет.

Во животот човек треба да биде разумен за се. За мене како и за избирачите нема да биде разумно да се кандидирам пак. Оставам пат за младите, изјави тој.