Советникот за националан безбедност на САД, Џон Болтон, изјави дека САД имаат амбициозен план за денуклеаризација на Северна Кореа. Следниот месец преговирите со Северна Кореа за нуклеарно разоружување ги почнува Мајк Помпео, шефот на ЦИА поставен од Доналд Трамп.
Според Болтон, планот би одел во неколку фази, од кои првата е олабавувањето на трговските санкции кон Северна Кореа, по што би се засилил дипломатскиот притисок за демонтирање на нуклеарниот потенцијал на Пјонг Јанг. Според него, главен проблем е точниот број на нуклеарни боеви глави, кој се движи меѓу 20 и 50.
Американските дипломати поврзани со преговорите со Северна Кореа, како и експертите за нуклеарно оружје, сметаат дека оваа година мора да биде потпишан јасен договор кој ќе вклучува строг мониторинг, се до конечното нуклеарно разоружување кое би можело да трае 10 години.