Севернокорејскиот дипломат Џо Чол-су изјави дека има се помали шанси за нормализација на односите со САД и додаде дека Пјонгјанг очекува од Вашингтон да преземе чекори во правец на подобрување на состојбата.
– Им дадовме на САД доволно време и до крајот на годината чекаме одговор, некакви резултати. Но, морам да кажам дека прозорецот за шанси секојдневно се повеќе се затвора – изјави директорот на одделението за Северна Америка во Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, пренесуват британските медиуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокрејскиот лидер Ким Џонг-ун во јуни се согласија повторно да ги почнат разговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, што беа прекинати по нивниот неруспешен самит во февруари, во Ханој.