Очевидците на страшната сообраќајна несреќа откриваат дека 23-годишниот возач, излегувајќи од својот автомобил, не обратил внимание на настраданите во несреќата која што тој ја предизвикал, туку плачел поради штетата на своето БМВ.
Надзорните камери во рускиот град Чељабинск, источно од Урал, снимија страшна сообраќајна несреќа на една од градските улиц во која што смртно настрада возач на Лада во која што удри автомобил марка БМВ.
На снимката се гледа како “BMW X6” со огромна брзина влетува на раскрсницата и директно удира во Ладата, а потоа и во уште едно возило.
Локалните медиуми пренесуваат дека поради јачината на ударот, на лице место починал 37-годишниот возач на Ладата, инаку татко на две деца. Повредени биле и патниците во другото возило, додека 23-годишниот возач кој што ја предизвика сообраќајната несреќа имал само полесни повреди.
Очевидците раскажале дека возачот на БМВ-то, излегувајќи од својот автомобил, не обрнал внимание на настраданите, туку плачел поради штетата на своето возило. Тој бил во алкохолизирана состојба.
Иако не се гледа на видео снимката, јасно е дека во првите моменти во помош дотрчуваат луѓето кои што се во близина, додека од десната страна од кадарот на видеото не доаѓа никој.
Полицијата веднаш го уапсила, а според руските закони му се заканува прилично блага казна – затворска казна во траење од две до седум години.