Две деца загинаа кога преку нив поминал трактор управуван од пијан возач, во руралниот дел на Франција.
Трагичниот настан се случил во Монбазен, во округот Авејрон во централна Франција.
Децата, момче и девојче се на возраст од 7 и 8 години, а со нивните велосипеди се возеле по патот. Медицинската екипа се обидела да ги реанимира децата, но безуспешно.
Возачот е овбинет за убиство бидејќи возел во пијана состојба, трактор натоварен со земја.
Возачот кој признал дека пиел алкохол на семејниот ручек, бил осуден за возење во пијана состојба во 2011 година.