Свет 15. август 2018. / 15:49

Пијан Авганистанец нападнал Французинки

Пијан Авганистанец нападнал Французинки

Пијан азилант од Авганистан со нож нападнал девојки кои поминувале пред неговата куќа во местото Периже, на југозапад на Франција.

Деветнаесетгодишниот Авганистанец во понеделникот вечерта во многу пијана состојба нападнал група од четири девојки. Кога двајца минувачи го запреле за да се смири, тој истрчал дома, зел кујнски нож и потоа со нож се нафрлил на девојките и на уште двајца постари соседи на возраст од 64 и 68 години.

Три лица завршиле во болница со убодни рани во вратот и посекотини по главата, а четвртата жртва, соседот со тешка убодна рана е задржан во болница.

Пијаниот азилант, кој живеел кај роднини во местото Периже бил толку пијан што не се сеќавал што направил. Рекол дека во понеделникот пиел цело попладне. За тоа, истражниот судија ќе му врши распит в петок. Нападот не е терористички мотивиран, тврди полицијата.