Свет 26. јануари 2020. / 14:45

Петнаесетина повредени во судири на демонстранти и полицијата во Багдад

Петнаесетина повредени во судири на демонстранти и полицијата во Багдад

Најмалку 14 луѓе се повредени во новите судири меѓу демонстрантите и полицијата, која се обиде да ги разбие протестите во центарот на во Багдад.

Безбедносните сили повторно употребија борбена муниција и солзавец против демонстрантите.

Новиот обид на полицијата да ги растера демонстрантите дојде неколку часа откако популистичкиот шиитски свештеник Моктада ал-Садр, кој има милиони приврзаници во Багдад и во јужен Ирак, го најави своето повлекување од антивладините протести.

Поддржувачите на Садр започнаа да се повлекуваат од демонстрациите рано утрово, по неговата објава.

Безбедносните сили отстранија бетонски бариери во близина на плоштадот Тахрир во Багдад, каде со месеци се собираат демонстранти.