Свет 05. јуни 2018. / 16:21

Петнаесетгодишно девојче додека учело да вози убило две лица (ФОТО)

Петнаесетгодишно девојче додека учело да вози убило две лица (ФОТО)

Петнаесетгодишно девојче убило двајца мажи на пракингот од трговскиот центар во Филаделфија, додека учело да вози.

Во џипот кој го возело девојчето биле нејзината мајка и уште две лица.

Локалните власти соопштиле дека „нешто се случило“ при влегувањето на возилото на местото на паркирање, поради што џипот почнал да се движи нанапред.

Жртвите се двајца маи на 50-годишна возраст, а седеле на ѕидот поред една продавница во моментот на несреќата. Двајцата се прогласени за мртви на лице место.

Против девојчето не се покренати тужби, а истрагата е во тек.