Свет 16. декември 2019. / 22:45

Петнаесет години од партнерството меѓу НАТО и земјите од Персискиот Залив

Петнаесет години од партнерството меѓу НАТО и земјите од Персискиот Залив

Амбасадорите на НАТО се состанаа во Кувајт Сити со партнерите од Истанбулската иницијатива за соработка, која ги вклучува Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Цел на посетата е одбележување на 16-годишнината од форумот за партнерство. На средбата присуствуваа и претставници на Оман, на Саудсика Арабија, како и на Заливскиот совет за соработка, се наведува во соопштението на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја истакна прилагодената обука и практичната поддршка што НАТО им ја дава на заливските земји и изрази благодарност на поддршката која заливските партнери ја даваат во операциите под водство на НАТО во БиХ, Косово и Авганистан.

Столтенберг, исто така, го поздрави и фактот дека НАТО и неговите заливски партнери тесно соработуваат во рамките на глобалната коалиција во борбата против Исламска држава.

– Горд сум на соработката што е остварена меѓу нашите народи и многу се радувам на продлабочувањето на нашето партнертво во иднина – изјави Столтенберг