Свет 21. јануари 2021. / 15:56

Петмина загинаа во пожарот во фабриката за вакцини

Петмина загинаа во пожарот во фабриката за вакцини

Пет лица загинаа во пожарот што избувна во индиската фабрика на Институтот за серум (СИИ), кој е најголем производител на вакцини во Западна Индија, пренесуваат индиските медиуми.

Компанијата соопшти дека пожарот нема да влијае на производството на вакцини против коронавирусот.

СИИ произведува вакцина направена од Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека” за индискиот пазар и некои други земји, а компанијата, исто така, се подготвува да направи вакцина развиена од американската компанија „Новавакс”.

Пожарникарите од западно индискиот град Пуне, каде е седиштето на СИИ, претходно изјавија дека на местото на несреќата се испратени пет противпожарни возила.

Причините за несреќата сѐ уште не се познати.