Свет 08. февруари 2020. / 16:35

Пет нови случаи на корона вирус потврдени во француско алпско одморалиште

Пет нови случаи на корона вирус потврдени во француско алпско одморалиште

Официјални лица од Франција потврдија уште пет случаи на инфекција со корона вирус, меѓу кои има и едно дете.

Министерката за здравство, Агнес Бужин, соопшти дека вкупниот број потврдени случаи на заразени со корона вирус во Франција изнесува 11.

Новите случаи се откриени во алпско туристичко одморалиште, во близина на Мон Блан.

Бужин соопшти дека се чини дека заразените се поврзани со Британка која престојувало таму на крајот од јануари, а за која подоцна било потврдено дека се заразила со корона вирусот.

Француските власти соработуваат со меѓународни партнери за да влезат во трага на сите кои биле во близок контакт со Британката и со новозаразените луѓе во Франција.