Свет 17. март 2020. / 11:12

Пет лица излекувани од коронавирус во Русија

Пет лица излекувани од коронавирус во Русија

Во Русија бројот на излекувани од коронавирусот се зголеми на пет лица, соопшти Министерството за здравство во Москва.

Меѓу излекуваните се двајца кинески државјани, двајца Руси и еден Италијанец.

Според извештајот на работната група задолжена за борба против Ковид-19, во Русија се регистрирани 93 случаи на зараза. Повеќето пациенти имаат лесни симптоми на болеста, а досега се тестирани повеќе од 116.000 луѓе.