Свет 21. август 2018. / 16:55

Песочна бура го погоди Иран – над 95 луѓе во болница

Песочна бура го погоди Иран – над 95 луѓе во болница

Најмалку 95 луѓе побарале лекарска помош поради проблеми со дишните патишта, откако песочна бура ги погоди провинциите Систан и Балучистан во Иран.

Генералниот директор на локалната агенција за управување со катастрофи, Абдолрахман Шахнавази, рекол дека за време на ноќата од болница се пуштени 68 луѓе, а уште 27 лица се хоспитализирани, пишува агенцијата Мехр.

Песочната бура проследена со ветер со јачина до 115 километри на час ги погоди провинциите во понеделникот, пренесува АП.

Концентрацијата на потенцијално штетни честички во воздухот е 30 пати поголема од дозволената.