Свет 01. јуни 2020. / 15:19

Песков: Русија не е вмешана во немирите во САД

Песков: Русија не е вмешана во немирите во САД
Дмитриј Песков/портпарол на Руската Федерација

Русија не е вмешана во немирите во САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Секако, многу внимателно го следиме она што се случува во САД, но се што се случува таму е внатрешна работа на таа земја, рече Песков пред новинарите.

„Никогаш не сме се мешале во работите на САД и нема да се мешаме ниту сега“, додаде рускиот функционер, пренесе Тасс.