Свет 20. јули 2020. / 13:39

Песков: Путин не е вакциниран против коронавирусот

Песков: Путин не е вакциниран против коронавирусот

Рускиот претседател Владимир Путин не е вакциниран против вирусот „Ковид-19“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање.

„Не. Вакцината сè уште не е одобрена. Не би било добро шефот на државата да се вакцинира со неодобрена вакцина“, рече Песков.

Според Песков, една од вакцините примил директорот на Рускиот инвестициски фонд (РДИФ), Кирил Дмитријев и додаде дека не знаел дека некој од администрацијата на Путин  волонтирал за тестирањето на вакцината.

„Кога ќе пристигне вакцината, најпрво ќе им биде достапна на оние на кои им е најпотребна, а тоа се луѓето од ризичните групи“, рече Песков и додаде дека резултатите на руските истражувачи кои работат на вакцината се ветувачки, но дека нивната работа сè уште не е завршена.