Американската армија проценува дека Русија и Кина претставуваат најголема закана за кибер-безбедноста на САД.
Во новата стратегија за кибер-безбедноста, прва од таков вид изработена во мандатот на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, се оценува дека Русија влијаела врз американското население и се мешала во политичките процеси во земјата, додека Кина се обидува да украде доверливи податоци од американската Влада, како и од приватни компании.
– Пентагон ќе работи на тоа да ги попречи овие недобронамерни активности, пишува во стратегијата.
Во документот е предвидено единиците за кибер-безбедност на САД да работат заедно со копнените, морските и воздушните сили на САД, како и со новоформираната вселенска воена служба.