Една жена во Пенсилванија, на североисток во САД, здогледа алигатор во дворот од својот дом.
Малиот алигатор, долг околу еден метар, во неделата наутро е пронајден во двор од куќа во Пенсилванија.
Трејси Хофекер, жената која го пронајде, веднаш повика пожарникар, кој со мрежа го фатил алигаторот, кој набргу го презема група за помош на диви животни.
Властите велат дека во таа област алигатори нема, како и дека единствено објаснување е дека некој го чувал како домашно милениче, па тој тргнал во прошетка.
Во Пенсилванија е легално да се чуваат алигатори како домашни миленици, но забрането е да се пуштаат на слобода.