По завршување на средбата, Мајк Пенс на прес конференција изјави дека е постигнат договор со Ердоган за прекин на воените дејствија на северот на Сирија.
Според договорот, Турција ќе ги стопира воените операции во Сирија, за да им се овозможи на припадниците на сириската курдска милиција, познати како Единици за заштита на народот, да се повлечат во наредните 120 часа.
Пенс изјави дека договорот претставува голем придонес за односите межу САД и Турција и дека, доколу се испочитува, нема да има санкции за турската држава.
Претседателот Трамп на Твитер му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.