Лидерот на демократите во Претставничкиот дом денеска упатила писмо до останатите членови на конгресот во кој таа бара нуклеарните кодови да се одземат од Доналд Трамп.
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска во писмо до своите колеги конгресмени нагласи дека разговарала со началникот на Генералштабот на американската армија да преземе чекори за ограничување на пристапот на претседателот Доналд Трамп до кодовите за евентуална употреба на нуклеарно оружје.
Таа наведува дека разговарала со шефот на Здружениот ГШ, Марк Мили „за достапните мерки на претпазливост за да се спречи нестабилниот претседател да почне воени непријателства или да пристапи до кодовите за лансирање и да нареди нуклеарен удар“.
Во своето писмо Пелоси исто така нагласува дека е подготвена да почне постапка за импичмент против Трамп доколку не поднесе сам оставка или ако потпретседателот Мајк Пенс не почне процес што ќе му овозможи на него и на кабинетот да го сменат претседателот.