Маж без препрека поминал покрај училишниот чувар, а потоа злоставувал 12-годишно девојче,во едно училиште во градот Сивтивкарво, Русија.
Инцидентот се случил на 19. ноември. Сега 45-годишниот маж е осомничен и уапсен. Објавена е и видео снимка од училишните безбедносни камери.
На снимката се гледа маж во црна облека, како поминува покрај чуварот и влегува во зградата. Тој разменува неколку зборови со чуварот, каде се претставува како родител на едно од ецата.
Потоа влегува во соблекувалната, каде го гледа девојчето, се претставува како лекар и ѝ понудува медицински преглед. Потоа мирно ја напушта установата.
Педофилот на судот го признал злосторството. Судот на 22. нормври му одредил притвор од два месеци, се до 19. јануари 2020 година.
Установено било дека и претходно бил осудуван за слични кривични дела, а ко сега го прогласат за виновен му се закануваат меѓу 12 и 20 години затвор.