Свет 28. мај 2020. / 14:05

Педофил подлажал дете со слатки, а потоа го силувал и го убил

Педофил подлажал дете со слатки, а потоа го силувал и го убил

Ужасно злосторство се случило во Украина кога педофил силувал и задавил дете (12), откако го намамил со слатки и го одвел во напуштена зграда, пренесува „Дејли мејл“.

Ужасното злосторство се случило во Дњепар, град во централниот дел на земјата, кога 12-годишниот Родион Волков се враќал дома од фудбалскиот тренинг, при што непознат маж му се доближил и почнал разговор со него.

Откако ја добил неговата доверба, странецот го одвел во блиската продавница и му купил слатки, пренесува медиумот.

На фотографиите од надзорните камери се гледа како Волков стои покрај мажот во продавницата. На другата слика се гледа како си заминуваат заедно.

Откако ја напуштиле продавницата, странецот наводно го повикал детето во напуштената зграда во паркот.

Кога влегле внатре, мажот го силувал и убил детето, изјавиле истражителите.

Фамилијата на детето го пријавила неговото исчезнување откако Родион не се вратил дома и не се јавил на телефон.

Службениците успеале да влезат во трага на телефонот на детето и почнале да го пребаруваат паркот.

Кога влегле во напуштената зграда, виделе маж како лежи на душек прекриен со облека. Мажот тогаш скокнал, ги повлекол панталоните и почнал нервозно да се однесува – изјавила портпаролката на полицијата Људмила Копиленко.

Потоа, како што рекла таа, полицијата под купот на облека го пронашла голото тело на детето.

Мажот, чие име не е наведено, е локален бездомник кој живее во напуштената зграда.

Тој веднаш бил уапсен, а на полицијата и признал дека „го силувал детето пред да го задави, а потоа имал сексуален однос со неговото тело“.

На педофилот му се заканува доживотна казна затвор.