Свет 21. мај 2018. / 12:23

Патниците во шок – авион итно слетал во Русија (ВИДЕО)

Патниците во шок – авион итно слетал во Русија (ВИДЕО)

Авион на турската компанија Онур Аир, итно слетал во рускиот град Волгоград, вчера вечерта, поради намалување на воздушниот притисок во авионот, пренесува Спутник.

Авионот полетал од Анталија и требало да слета во Челјабинск, но поради намалување на воздушниот притисок, итно слетал во Болгоград.

Авионот Ербас 321 превезувал 226 патници и 11 членови на екипажот.

За среќа никој не е повреден.