Свет 10. јуни 2019. / 18:34

Патничка предизвика хаос во авионот: Наместо вратата од тоалетот, ја отвори вратата за итен случај

Патничка предизвика хаос во авионот: Наместо вратата од тоалетот, ја отвори вратата за итен случај

Патничка на летот од Велика Британија до Пакистан, во петокот предизвика хаос на аеродромот во Манчестер, откако наместо вратата од тоалетот, во авионот ја отвори вратата за излез при итен случај.

За среќа тоа се случило додека авионот сеуште бил на земја, пренесува Си-ен-ен.

Летот на пакистанската авиокомпанија задоцни седум часа поради инцидентот кој го предизвикала патничката.

Од аеродромот во Манчестер не сакаат да го коментираат инцидентот.