Десетици илјади граѓани на Париз синоќа предизвикаа огромен сообраќаен метеж во градот обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање на национално ниво, најавено и воведено од претседателот Емануел Макрон пред неколку дена.
Во видео објавено на „Твитер“ се гледа како илјадници автомобили се обидуваат да го напуштат париз со намера да го избегнат полицискиот час и почетокот на другите мерки, кои од денеска стапија на сила. Гужвата и застојот достигнале и до стотина километри.
Heavy traffic in Paris on the night that France heads into its second national lockdown. https://t.co/pI3IoOnCPT pic.twitter.com/cASEqmR5mt
— ABC News (@ABC) October 29, 2020
Во исто време, голему турканици се создадоа и во супермаркетите каде што Французите ги испразнија полиците во нова панична набавка, слична на онаа што се случи во март кога цела Европа слично се подготвуваше да се затвори поради пандемијата од вирусот.
Граѓаните најмногу купувале огромни резерви на тестенини и тоалетна хартија, додека огромни редици имало и пред фризерските салони.
Канцелариски работници од француската престолнина ја пренесувале совојата работна опрема со автомобили и возови како подготовки пред ново затворање.
Новиот карантин ќе трае најмалку до 1 декември.
Само оние со најитни потреби ќе можат да ги напуштат своите домови, за што ќе им треба посебна потврда, а сè ќе проверува полицијата.
Претседателот Емануел Макрон во најавата на мерките соопшти дека полицискиот час во Париз и другите поголеми француски градови не успеал да го запре ширењето на заразата, додавајќи дека 400.000 луѓе би умреле од Ковид-19 доколку не бидат донесени нови драстични мерки.
Во Франција, во болниците во моментов има 21.183 лица со Ковид-19. За споредба, во април оваа бројка беше повеќе од 32.000.