Франција реагираше поради однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на групата Г-7.
Наведено е дека меѓународната соработка не може да зависи од бесот и ситните зборови и ја осуди некохерентноста и недоследноста после одлуката на Трамп да не го поддржи заедничкото соопштение на индустриски најразвиените земји во светот.
-Поминавме два денови за да дојдеме до тој текст и да ги усогласиме обврските. Ние до тоа се држиме и секој кој ќе го напушти тоа и ќе заврти грб, покажува некохерентност и недоследност, се наведува во соопштението.
Во него исто така се оценува дека меѓународната соработка не може да зависи од бесот или ситните зборови.
Во соопштението на Париз се наведува дека Франција и Европа остануваат со поддршка на соопштението усвоено на крајот од дводневниот самит во Канада и изразува надеж дека така ќе постапат и останатите земји потписнички.
Трамп претходно на Твитер напиша дека изјавите на канадскиот премиер Џастин Трудо се лажни.