Свет 16. август 2018. / 16:27

Париз: Поставени се еколошки јавни тоалети

Париз: Поставени се еколошки јавни тоалети

Градските власти на Париз поставија десетици еколошки јавни тоалети , чија содржина ќе биде искористена за правење ѓубриво за растенија.

Новите јавни тоалети се со црвена боја и имаат околу нив жардиниера со цвеќиња за да се неутрализираат непријатните мириси.

,,Содржината на тоалетите ќе се рециклира , ќе се меѓа со слама и подоцна ќе се користи како природно ѓубриво” , рече Лоран Лебо , научник од Нант , кој е иницијатор на целиот проект.

Уличниот јавен тоалет наиде на одобрување кај туристите , но и отпор кај Парижаните , кои сметаат дека нема доволно приватност.

На социјалните мрежи проектот наиде на огромен број критики , од потсмев , па се до сериозни забелешки на работењето на градските власти.