Свет 28. март 2019. / 16:09

Париз: Поради стереотипи активисти блокираа претстава

Париз: Поради стереотипи активисти блокираа претстава

Активистите кои се залагаат за антирасизам го блокираа изведувањето на претставата во театарот на Универзитетот Сорбона во Париз, во која актерите носеа црни маски.

Четири групи за човекови права во понеделникот организираа протест против изведбата на претставата „Добавувачи” од древниот грчки драматург Есхил, тврдејќи дека маските промовираат расистички стереотипи, објави АП.

Универзитетот Сорбона ја смета блокадата за „многу сериозен, сосема неоправдан напад врз слободата на создавање”, додека центристичката влада на францускиот претседател Емануел Макрон застана на страната на Универзитетот.

Министерот за образование, Жан Мишел Блансер, денес изрази загриженост за растечкиот расизам во Франција, но истовремено ги критикуваше левичарските организации кои поттикнуваат дебата и предизвикуваат насилство „во име на антирасизмот”.