Свет 09. декември 2018. / 22:18

Париз: Над 130 000 демонстранти и 2000 приведени

Париз: Над 130 000 демонстранти и 2000 приведени

Париз ги пребројува штетите и последиците, кои според поценките, ги оставија 130-те илјади демонстранти во десетина градови.

Уапсени се речиси две илјади луѓе, 120 се повредени во нередите, кои и овој пат, не го принудија Макрон да и се обрати на нацијата. Наместо него, гневот на заузданата толпа повторно се обиде да ја смири премиерот Едуард Филип, кој повика на обновување на националното единство.

Никој не зборува за одложеното поскапување на горивото, кое беше само искра за масата на улиците. Сега е веќе извесно, покрај радикалните демонстранти, жолт елек облекоа и обичните Французи.На феноменот на жолтите елеци не останаа рамнодушни ниту Белгија и Холандија, каде се прошири движењето