Свет 14. декември 2019. / 20:56

Париз е целосно парализиран

Париз е целосно парализиран

Францускиот премиер Едуар Филип апелираше на националната железничка компанија СНЦФ да состави план за вонредни ситуации за време на празниците, поради масовниот штрајк на работници кои го парализираше системот за јавен транспорт, пренесуваат агенциите.

Филип побара од шефот на СНФЦ, Жан-Пијер Фарнандо да состави план до вторник, 17 декември, и да ги информира граѓаните за услугите кои може да ги очекуваат, објави денес „Радио Франс“.

Штрајкот на работниците на железничкиот и другите видови на траспорт практично го блокираа системот за јавен превоз во Париз.

Граѓаните се подготвуваат за големи доцнења и тоа само седум дена пред училишниот распуст, додека СНЦФ откажа 80 отсто од своите услуги поради штрајкот.

Викендите пред празниците вообичаено се карактеризираат со голема бројка на патувања и раздвиженост кај жителите, но оваа година веројатно ситуацијата ќе биде многу поразлична.

СНЦФ минатата година за време на празниците пренесе повеќе од три милиони луѓе, меѓутоа сега се очеува помалку од половина во однос на таа бројка.

Фарандо синоќа ги повика штрајкувачуте да го прекинат штрајкот за време на божиќните празници и да им овозможат на семејствата да се соберат со своите најблиски.

Следниот петок, 20 декември, многу луѓе ќе сакаат да се сретнат со своите семејства. Должност на јавниот транспорт е да ги исполни тие очекувања – рече Фарнандо.

Гернералниот секретар на синдикатот на работниците ЦГТ, Лоран Брун, рече дека нема да има „примирје“ за Божиќ доколку Владата пред тоа не се „вразуми“.

Жал ми е, но морам да ви кажам дека штрајкот продолжува. Ние не го сакавме тоа но Владата е упорна, па така, ова ќе трае долго време – рече Брун.

Синдикатите едногласно го отфрлија планот на Владата за единствен пензиски систем со кој се задржува старосната граница од 62 години за одење во пензија, но со намален износ на пензиите, освен во случај лицето да остане на работа од 64 години.

Синдикатот смета дека Владата ја преминала „црвената линија“ и повика на нови масовни демонстрации на 17 декември.

Да имате речиси готов компромис, а потоа тоа да го отфрлите поради прашања на буџетски догматизам претставува голема грешка – рече ншефот на ЦФДТ Лоран Бергер.