Свет 05. јануари 2020. / 15:05

Папата Франциск повика на дијалог и воздржаност: Војната носи смрт и деструкција

Папата Франциск повика на дијалог и воздржаност: Војната носи смрт и деструкција

Папара Франциск повика денеска на дијалог и воздржаност два дена откако САД го убија највисокиот ирански воен командант Касим Сулејман.

Говорејќи на денешната молитва во Ватикан, папата не го спомнуваше Иран по име, но говореше за ужасната напнатост која може да се осети во многу делови од светот, пренесе Ројтерс.

– Ги повикувам сите страни да го задржат пламенот на дијалогот и самоограничувањето и отфрлањето на сенката на непријателство“, рече папата.

Војната само носи смрт и разорување, порача тој.

Иранскиот воен командант Сулејмани убиен е во петокот во американски напад што доведе до пораст на тензиите во регионот.