Свет 04. февруари 2019. / 13:58

Папата Франциск ќе го посети Арапскиот полуостров

Папата Франциск ќе го посети Арапскиот полуостров

Папата Франциск, кој е првиот поглавар кој го посетува Арапскиот полуостров, ќе учествува на меѓународниот собир во Обединетите Арпаски Емирати во склоп на јакнење на врските со муслиманскиот свет.

Папата, во теко на 48-часовната посета на Емирати, утре ќе служи миса на отворено за 135.000 од вкупно еден милион католици во муслиманската земја.

Светиот Отец, кој влезе во историјата кога синоќа слета во Абу Даби, изјави дека доаѓа како брат за да заедно ја отворат новата страница на дијалогот и за да заедно дојдат на патиштата на мирот.

Се очекува Папата да го отвори прашањето за Јемен, кој е уништен од војната во која се вклучени и ОАЕ, во разговорот со престолонаследникот Мохамед бин Зајед.

Како што наведува ОН, во Јемен владее најголема хуманитарна криза, која предизвикала интервенција на Саудиска Арабија, ОАЕ и нивните сојузници во овјната меѓу Владата и бунтовниците Хути.

Над 10 милиони Јеменци досега се соочени со смрт од глад.