Свет 21. април 2020. / 10:32

Пандемијата во Шпанија ќе предизвика пад на БДП за 12% и пораст на невработеноста на 21%

Пандемијата во Шпанија ќе предизвика пад на БДП за 12% и пораст на невработеноста на 21%

Централната банка на Шпанија предупредува дека шпанската економија ќе забележи поголем пад поради пандемијата на корона вирусот отколку по последиците од големата финансиска криза во 2008/2009 година.

Како што проценуваат од Банката, најверојатниот пад на БДП ќе биде 9,5 проценти, но постои и подраматично сценариот според кое таквиот пад би можел да биде и до 12,4 проценти.

Од Банката предвидуваат закрепнување во 2021 година, но недоволно силно за да се спротивстави на годинешниот пад. Според тоа, за 2021 година се предвидува активност во распон од 5,5 до 8,5 проценти.

Стапката на невработеност во Шпанија, која е меѓу највисоките во Европа, може да се искачи од околу 14 на 21,7 проценти оваа година.

Централната банка проценува дека огромните државни субвенции за економијата може да го зголемат буџетскиот дефицит како дел од БДП на седум до 11 проценти.