Свет 24. јули 2020. / 11:03

Пандемијата ги затвори училиштата во Јужна Африка најмалку во текот на еден месец

Пандемијата ги затвори училиштата во Јужна Африка најмалку во текот на еден месец

Претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоза, соопшти дека државните училишта во земјата ќе бидат затворени и во следните четири недели.

Причина за ваквата одлука е брзото ширење на епидемијата на Корона вирусот во најјужнаа африканска држава.

Во Јужна Африка бројот на потврдени заразени случаи со корона вирус надмина 400.000, поради што Рамафоза нагласи дека е важно училиштата да не се претворат во жаришта на Ковид-19.