Германските граѓани јадат се помалку месо, а навиките за јадење се смениле за време на корона-кризата, така што сега се повеќе граѓани подготвуваат храна дома.
Овие податоци беа објавени во Берлин за време на презентација на владини извештаи за исхрана.
Само 26 отсто од граѓаните се изјасниле дека консумираат месо и месни производи на ден. Во 2015 година, тој процент беше значително повисок – 34отсто – се наведува во анкетата спроведена за редовниот извештај на Владата „Извештај за исхрана“.
За време на презентацијата на извештајот, министерката за земјоделство, Јулија Клокнер, истакна дека свеста за локалните прехранбени производи се зголемила за време на пандемијата.
За време на пандемијата се зголемил и процентот на оние кои подготвуваат храна дома. Триесет проценти од испитаниците рекле дека сега повеќе готват дома, а 20 проценти од испитаниците рекле дека сега подготвуваат храна со свежи состојки. Како резултат на тоа, се намалила побарувачката за готови оброци.
Огромно мнозинство (82 проценти од испитаниците) обрнуваат големо внимание на фактот дека производите што ги купуваат доаѓаат од регионот во кој живеат.