Врховниот суд на Романија го осуди лидерот на владејачката Социјалдемократска партија Ливиу Драгнеа на три и пол години затвор поради поттикнување на злоупотреба на власта.
Се очекува Драгнеа, кој се смета за најмоќна политичка фигура во земјата, да се жали на таа пресуда, пренесува Ројтерс.
Драгнеа, кој е и претседател на долниот дом на парламентот, е прогласен за виновен бидејќи држел две жени на платен список на државната агенција од 2006 до 2013 година, иако тие не биле вработени во неговата партија.
Драгнеа, кој во тоа време бил шеф на окружниот совет, ги негира обвинувањата.
Тој, меѓутоа, е ослободен од одвоеното обвинение за фалсификување на интелектуална сопственост.