Свет 20. февруари 2019. / 13:43

Падрино: Само преку нас мртви може да се случи насилно преземање на власта

Падрино: Само преку нас мртви може да се случи насилно преземање на власта

Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино, денес изјавил дека опозицијата ќе мора само на сила да го смени претседателот Николас Мадуро и да воспостави нова влада.

-Само преку нас мртви, рекол Падрино на државната телевизија во изјавата упатена “до оние кои се обидуваат да бидат претседатели тука во Венецуела”, а алудирајќи на лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо.

Падрино нагласил дека и дека вооружените сили на Венецуела ќе останат стационирани на границите на земјите, за да се спречи потенцијално загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, како и дека офицерите и војниците во Венецуела останале “послушни и подредени” на претседателот Николас Мадуро.