Свет 02. јули 2018. / 17:19

Падот на германската влада лошо ќе влијае врз Западен Балкан

Падот на германската влада лошо ќе влијае врз Западен Балкан

Евентуален пад на германската влада лошо би влијаел врз динамиката на процесите во Западен Балкан, вклучувајќи ја нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, смета професорот на Факултетот за политички науки во Белград Драган Ѓукановиќ, прнесесуваат српските медиуми.

„Ќе влијае многу лошо на динамиката на процесите во регионот кои се во тек, пред се на процесот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, во кој германската влада има многу конструктивна улога“, рекол професорот Ѓукановиќ за агенцијата Бета.

Тој навел дека распадот на влаеачката коалиција во Германија, на некој начин, ќе го успори значајниот замав, кој го доби тој процес.

„Со процесот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, важен е ангажманот на Германија и во Босна и Херцеговина, во многу значаен период пред општи избори во таа држава, кои ќе се одржат во октомври, а владата на Ангела Меркел даде и посебен придонес и за постигнувањето на договор меѓу Грција и Македонија“, изјавил професорот.

Опстанокот на германската коалициона влада е доведен во прашање поради политиките спрема мигрантите, односно несогласувањето по тоа прашање помеѓу Христијанско-демократската унија на канцеларката Меркел и лидерот на Христијанско-социјалната унија Хорст Зехофер, министер за внатрешни работи.