Свет 21. април 2020. / 12:20

Падот на цената на нафтата предизвика девалвација на валутите во Русија, Канада и Индија

Падот на цената на нафтата предизвика девалвација на валутите во Русија, Канада и Индија

Падот на цената на нафтата на светските берзи драстично ја намали вредноста на некои валути низ свеетот како руската рубља, индиската рупија и канадскиот долар.

Американскот долар чини 75 рубљи за долар, додека едно евро чини 81.2 рубљи. Иако цената на руската нафта „Јуралс“ не опадна така драстично како американската, рубљата, сепак, реагира на непостојаноста на нафтените пазари.

Девалвацијата на рубљата, индиската рупија и канадскиот долар настана откако се дозна дека наскоро нема да има слободни складишта за суровата нафта затоа што нема побарувачка за неа.

Според некои економисти, зделката во рамките на ОПЕК+ склучена неодамна е неуспешна, затоа што не може да ја регулира ситуацијата на светските пазари со нафта.