Свет 04. јуни 2020. / 14:09

Пад од 11,7 проценти на малопродажбата во еврозоната за април

Пад од 11,7 проценти на малопродажбата во еврозоната за април

Прометот на малопродажбата во еврозоната бележи значителен пад во април, при што опадна куповната моќ речиси на сите производи, вклучително и храна и пијалоци, бидејќи ограничувањата за движење поради коронавирусот беа во сила во текот на целиот месец.

Продажбата во 19-члениот монетарен блок опадна за 11,7 проценти во април во однос на претходниот месец и за 19,6 проценти на годишно ниво, објави агенцијата за статистика на Европската унија – Евростат.

Ова е најголемата стапка на опаѓање на месечно ниво во серијата статистички податоци на Евростат кои датираат од 1999 година и го надмина претходниот рекорд од март, кога продажбата на мало падна на 11,1 процент.

Исто така, ова е најлош индикатор на годишно ниво, бидејќи пред март таа стапка не била негативна уште од крајот на 2013 година.

Единствена позитивна работа е големиот скок на поштенските нарачки и набавките преку Интернет, кои во април, во однос на март, се зголемија за 10,9 проценти.

Така, продажбата на храна, пијалоци и цигари, како и лекови и медицински производи се намали.


Најголем месечен пад на продажбата на мало во април кај членките на еврозоната беше забележан во Малта и Ирска, а на годишно ниво во Франција и Шпанија. Кипар, Грција и Италија не дадоа податоци за продажбата на мало за април.

Финска беше единствената земја каде малопродажбата е поголема за 0,3 проценти во април отколку претходниот месец.