Свет 19. април 2020. / 19:45

Пациент позитивен на Ковид-19 побегнал од болница во Русија

Пациент позитивен на Ковид-19 побегнал од болница во Русија

Полицијата во рускиот град Шахти бара пациент позитивен на Ковид-19 кој избегал од болницата, соопшти полицискиот оддел.

„Локалниот антикоронавирусен кризен центар пријавил во полиција дека еден пациент дијагностициран со коронавирус вчера избегал од болницата“, изјави портпаролот на полицијата и додаде дека се обидуваат да му влезат во трага на човекот“, пренесе ТАСС.

До денес, потврдени се вкупно 42.853 случаи заболени од коронавирус во Русија, а оздравеле 3.291 пациенти.

Според последните податоци, од вирусот во Русија починале 361 лице.