Свет 11. април 2020. / 08:45

Оздравени над 375.000 болни од корона, бројот на жртви надмина 100.000

Оздравени над 375.000 болни од корона, бројот на жртви надмина 100.000

Бројот на заразени со корона вирус во светот е 1.698.160 лица, додека бројот на излекувани изнесува 377.093 објави „Worldometer“.

Бројот на новозаразени случаи во светот изнесува 95.670 лица, додека како последица на корона вирусот починале 103,227.

Од вкупниот број на 6.985 ново пријавени смртни случаи, најмогу има во САД 2.019, Франција 987, во Велика Британија има 980 нови смртни случаи, во Италија 570, во Шпанија 523, во Белгија 496, во Иран 112, во Бразил 103, Турција 98 лица, во Германија 81, а Кина пријавила само еден смртен случај.

Од вкупниот број активни случаи на корона вирус во светот, како што наведува „Worldometer“, 96 отсто од инфицираните имаат блага клиничка слика, додека 4 отсто се во тепка, критична состојба.